Пејачката Северина во вторникот вечерта била видена како со нејзините приајтели се забавува во едно од кафулињата во Загреб. Тамошните медиуми пренесуваат, дека по неколкуте дена минати во карантин во нејзиниот стан, таа решила да се опушти со добра музика. Северина била сликана со микрофонот во рака, како ги забавува гостите.
Пејачката деновиве беше актуелна во медиумите поради заканите кои ги упати кон една од наставничките во школото каде оди нејзиниот син, Александар, по што мораше да отиде на информативен разговор во полиција.
Неодамна го прослави и својот роденден сама во станот во Загреб. Таа претходно си замина од Белград, каде престојуваше во домот на родителите на нејзиниот партнер Игор Којиќ. Медиумите пренесоа дека двајцата не се во најдобри одности, а причина за нивните чести кавги беа финансиските проблеми.
Игор кој неодамна ја избриша нивната заедничка фотографија од „Инстаграм“, остана во Белград, каде продолжи со својата работа како фудбалски менаџер.