(Фото) Шехерезад се соблече за да покаже дека стриите и целулитот може да ги има секоја жена

Турската глумица Бергузар Корел на „Инстаграм“ објави слики на кои е во бикини, четири месеци по раѓањето на второто дете. 37-годишната Шехерезад, која не е слаба, има стрии и целулит, се пошегува на своја сметка. Покрај сликите таа остави порака, која дејствува како да ја напишал таблоид.

„Бергузар Корел беше сликана во бикини. Славната глумица привлече внимание со својата прекумерна тежина. Покачените килограми на актерката, која го роди своето второ дете пред 4 месеци, не останаа незабележани. Оваа слика на Бергазар Корел, која привлече внимание со својата тежина и целулитот, е изненадувачка. Тие што ја видоа Корел додека е на одмор, ја гледаа збунето и не можеа, а да не коментираат дека нема траги од нејзината стара форма. Сега таа е предмет на потсмев, критики и навредливи коментари на социјалните мрежи“, напиша глумицата.

Корел е во брак со актерот Халит Ергенч од 2009 година. Тие глумеа заедно во неколку серии, но најпозната е „1001 ноќ“, каде што таа ја глумеше Шехерезад, а тој Онур. Двојката има два сина.

 

Scroll to Top