(Фото) „Си се нагрдила со операциите“, фановите ја нападнаа Лепа Брена дека изгледа како страшило

Иако е една од најомилените пејачки на Балканот, пејачкат Лепа Брена (60) често е цел на критики. Со последните фотографии што ги објавила таа предизвика бурни коментари од фановите. Тие ја нападнаа и порачаа дека претерала со операциите.

Пејачката пред неколку дена се појави на снимањето на музичката емисија на РТС, а фотографиите што ги направиле папараците привлекоа големо внимание кај јавноста.

„Мене Брена ми изгледа како страшило. Се наргдила со операциите. Шминката ѝ беше грозна, шминкерот не ѝ ја погодил пудрата за нејзиниот тип на кожа. Изгледа суво, секоја точка може да се види. Не ѝ е среден тенот. Жено, смени ги козметичарот и третманот за нега, не само ботокс“, биле дел од коментарите.

Scroll to Top