(Фото) Синиша Михајловиќ стана дедо, се породи ќерката на славниот фудбалер

Синиша Михајловиќ стана дедо, родителите се одлучија за име кое на латински означува пурпурен цвет

Поранешнот фудбалер и тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ стана дедо. Неговата ќерка Вирџинија се породи утрово. Таа со нејзиниот свршеник, фудбалерот Алесандро Воглачио, добија девојче и ја крстија Виоланте, име кое потекнува од латинскиот јазик и кое значи пурпурен цвет.

„Добре дојде на свет љубов моја. Денеска, на 28 октомври, во 7:06 часот се роди Виоланте Воглачио. Најголемата емоција во мојот живот. Многу те сакаме“, напиша Вирџинија на фотографијата од нејзината ќерка.

 

Scroll to Top