Семејството Ѓоковиќ се собра во црквата Свети Марко по повод венчавката на најмладиот брат на Новак, Ѓорѓе, и Сашка Веселинов. Јелена и Новак дојдоа со синот Стефан и ќерката Тара. Јелена за време на венчавката ги фотографираше најмалите кои привлекле големо внимание кај присутните.
Додека на свадбена веселба по церемонијата се фотографирале пред црквата, синот на тенисерот ги насмеа сите кога за време на фотографирањето со прстите ѝ направи уши на својата сестра Тара и уште едно момче. Додека на втората фотографија тој ги прекрсти рацете.
Неговиот потег многумина ги потсети на синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, малиот Луис, кој често прави смешни фаци и слатки шеги на настаните.
Да потсетиме, Ѓорѓе Ѓоковиќ неговата свршеница Сашка Веселинов ја побара за жена на Калемегдан, венчавката ја направија со најблиските во Белград додека свадбената веселба ќе продолжи во Црна Гора.
Сашка и Ѓорѓе по венчавката во црква заминале во познат белградски ресторан на мала прослава. Невестата раскошната венчаница ја заменила со краток фустан.
Фото: Ненад Костиќ