Денеска на белградските Нови гробишта околу пладне за Задушница дојде Милован Глоговац, татко на актерот Небојша Глоговац кој е погребан во Алејата на заслужните граѓани.

Српските медиуми ја пренесоа веста, но и тажната фотографија на која е таткото  актерот кој  положи цвеќе и запали свеќа за синот, скршен од болка, не можејќи да ги задржи солзите.  Потоа  нечујно ги напушти гробиштата. Потресната сцена ги погодила сите кои се затекнале на гробиштата,  оние кои и денс  жалат заедно со семејство на акатерот.