(Фото) Спектакл на Драгана Мирковиќ во Врање

Српската пејачка Драгана Мирковиќ викендов направи успешен концерт во Врање, каде што настапи по повод манифестацијата Деновите на Врање.

По одржаниот концерт, организаторите не го криеја задоволството од огромниот број фанови и истакнаа дека овој концерт ќе влезе во историјата како еден од најпосетените.

Драгана за време на четирите часа пеење се симна и меѓу публиката. По завршувањето на концертот, Мирковиќ остана дополнителни два часа со најверните фанови. Нејзината турнеја продолжува во Швајцарија.

Scroll to Top