(Фото) Стилистката на Адријана Лима ја облече Александра Пријовиќ

Ана Антиќ е стилистка која често соработува со топ-моделот Адријана Лима и со актерката Сиена Милер. Но, таа неодамна ја дотера и фолк-пејачката Александра Пријовиќ. Фотографијата од соработката Ана ја објави на својот инстаграм-профил. Српските медиуми веднаш потоа се обидоа да откријат колку платила Ана за услугата.

Александра, по препорака на Антиќ носи лимитирано издание „Диор“ фустан, кој чини околу 1500 евра. Сандалите на Пријовиќ се исто така „Диор“, а чинат 800 евра. Коментарите покрај фотографијата се дека иако се од познат бренд ни фустанот ни чевлите не вредат толку колку што ги платила.

Scroll to Top