(Фото) Сузана Манчиќ оди во пензија

Сузана Манчиќ за еден месец ќе наполни 63 години. Таа рече дека ќе оди во пензија.

„По силата на законот следната година ќе одам во пензија. Е дури тогаш ќе видите кога ќе почнам да пишувам“, вели Сузана, која по двете автобиографии планира да напише и трета книга. Вели дека иако е писателка во обид, сепак, нејзините книги поминуваат одлично кај публиката. Таа истовремено откри за кого би напишала следна книга:

„Не сакам да го рекламирам бидејќи човекот и така е бренд за себе. Се работи за Јован Мемедовиќ, кој за мене е многу интересна личност“, вели Сузана.

Scroll to Top