(Фото) Тајчи не старее

Хрватската пејачка Татјана Матејаш – Тајчи во 1990 година ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ со песната „Ајде да лудујемо“. Иако беше непозната за јавноста, по оваа песна стана миленичка на публиката. Во само две години сними два албума, десетина спотови и стана една од најголемите тинејџерски ѕвезди на овие простори.

Тајчи потоа се пресели во САД, 1999 година се омажи и роди три деца. Неодамна медиумите повторно пишуваа за неа, откако нејзиниот сопруг почина од рак.

Пејачката пред неколку дена го прослави 48. роденден. Хрватските медиуми, ама и фановите велат дека оваа пејачка како да не старее.

Scroll to Top