Хрватскиот пејач Тони Цетински направи трансплантација на коса. Тој се пофали дека набргу ќе има многу коса и откри дека по долго време, конечно, си ја исполнил желбата.
„Веќе долго време имав желба да направам трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да отпатувам надвор од границите на нашата земја зашто докторката и експерт за коса, Ана Малетиќ, е убедливо најдобра“, напиша Цетински на „Инстаграм“.
Хрватскиот пејач, кому косата почна да му опаѓа пред многу години, неколкупати јавно изјави дека е секси ќелав, но дека повеќе сака да има коса.
View this post on Instagram