(Фото) Цеца се причести во храмот Свети Сава

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ се причести синоќа на полноќната литургија во Храмот Свети Сава во Белград. Цеца пристигнала во друштво со неколку членови од семејството. Со неа бил братот Милан, сестрата Лидија, зетот и братучетките.

Пејачката во бел капут, панталони и црни чевли. Со бела марама Цеца ја имала покриено главата и лицето.

Во јавноста е познато дека Цеца е голем верник и дека се причестува на големите христијански празници. Така било и оваа година, иако нејзините пријатели говорат дека Цеца и покрај тоа што била настината собрала сили за да присуствува на литургијата.

 

Scroll to Top