(Фото) Цеца со дечко ѝ опуштено на море: Интимна фотка од јахта на Јадранот

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ неколку месеци веќе е среќна во љубовта со бизнисменот Богдан Срејовиќ. По концертот од Охрид, таа со него отиде на море во Црна Гора, па оттаму споделува  заеднички фотки. Една малку поинтимна фотографија од јахтата со која пловат по Јадранот  привлече внимание, а ја објави на Иснтаграм Богдан.

Лани зимата прпат во јавноста беше објавено дека тие се во љубов и дека веќе не ја кријат врската. Веднаш потоа заминаа заедно на зимување во Копаоник, а со нив беше и ќерката на Богдан која ја има од претходниот брак со манекенката Зорана.

Scroll to Top