(Фото) „Вечно ќе те сакам“ – Шехерезад и Онур слават годишнина од брак

Турските актери Халит Ергенц и Бергизар Корел, познати и како Онур и Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, прославија 11 години брак заедно со своите синови и блиските пријатели. Познатата глумица на „Инстаграм“ објави неколку слики со сопругот.

„Вечно ќе те сакам. Тебе и нашите сиинови“, напиша таа во пораката и му ја честиташе годишнината.

Халид и Бергузар се запознале пред 13 години на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а две години подоцна се венчале. Во тоа време Халид бил во брак со глумицата Гизем Сојсалди, но иако таа била бремена, тој ја оставил поради Бергузар. Глумците во 2010 година го добија синот Али, а пред 4 месеци тие вторпат станаа родители.

(Фото) Шехерезад се соблече за да покаже дека стриите и целулитот може да ги има секоја жена

Scroll to Top