(Фото) Весна Змијанац по вторпат стана баба

Српската пејачка Весна Змијанац стана баба по вторпат. Таа доби уште една внука, од нејзината ќерка Николија Јовановиќ. Убавата вест прв ја соопшти сопругот на Николија, Реља Поповиќ, кој објави фотографија од нив двајцата.

„Пресреќна сум. Добив уште една внука. Се уште не имаат одбрано име. Се мина во најдобар ред. Николија и бебето се добри. Сите сме под еуфорија. Реа се уште нема сватено дека добила сестра, но кога ќе дојде Николија дома, сигурна сум дека ќе биде пресреќна. Засега само добивам честитки од сите“, изјавила Змијанац за медиумите.

И Николија која за време на бременоста не беше многу активна на социјалните мрежи, ја објави веста со фотографија од нејзиниот сопруг.

Scroll to Top