(Фото) Водителката на која автобус и ја откина раката прв пат се јави по несреќата

Водителката, Деа Ѓурѓревиќ, после тешката сообраќајна незгода се уште се наоѓа во Воено медицинската академија во Белград. Цело време нејзина поддршка и дава нејзиниот свршеник и нејзината мајка.

До сега таа имала неколку интервенции на раката, а поради тешките повреди се уште се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Иако помина веќе месец и пол од самата несреќа, нејзе не ја напушта силниот дух, па за прв пат објави и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината мајка и го напиша следното:

„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува уплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв“, пишува во коментарот на водителката.

(Видео) Автобусот ја приковал водителката Деа за ѕид, ја туркал неколку метри

 

Scroll to Top