(Фото) Водителката Нина Сеничар стана мајка

Српската глумица, модел и водителка, Нина Сеничар, стана мајка. Таа и нејзиниот свршеник, холивудскиот глумец Џеј Елис, добија ќерка. Таа на „Инстаграм“ објави слика и откри дека девојчето ќе се вика Нора Грејс Елис.

„И така нашите животи добија нова смисла. Добредојде, Нора Грејс Елис“, напиша таа.

За потсетување, публиката ја запозна Нина како водителка на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“. Таа пред да се пресели во Америка, каде што го запозна својот свршеник, беше во врска со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти. Џел Елис, пак, е најпознат по улогата во серијата „Несигурни“.

Scroll to Top