(Фото) Запален автомобилот на српската пејачка Маја Маријана

By

Двајца маскирани непознати мажи ноќеска го запалиле автомобилот на српската пејачка Маја Маријана. Тие со маски влегле на нејзиниот имот во Филмскиот град во Белград и го запалиле „мерцедесот“ што бил паркиран во гаражата. Пејачката за „Пинк“ рекла дека не знае кои се напаѓачите, но и дека претходно не добивала закани.

„Случајот го пријавив во полиција и таму кажав сè што имам да кажам. Многу сме исплашени, и ќерка ми беше со мене дома кога се случи немилиот настан. Нанесена ми е голема материјална штета. Во полиција кажав на кого се сомневам, а натаму оставам тие да си ја завршат работата“, рекла пејачката во изјава за „Пинк“.

Фото: Пинк.рс/Ало.рс

Ќе ви се допадне