(Фото) Жељко ѝ дојде на Цеца во вилата на Кипар

Српската фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ пред неколку дена пристигна во својата вила на Кипар.

Викендов дојде на гости внукот Жељко.

Таа на својот Инстаграм профил сподели приказна како се забавува со него и нејзината сестра Лидија.

Цеца пред неколку дена сподели видео од нејзината вила која пред извесен период ја реновираше.

„Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам на крајбрежјето. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека е тоа тоа. Веднаш зедов кредит. Да, ја купив куќата на кредит, што, нормално, ја отплаќам месечно“, рече таа во една пригода.

Scroll to Top