„Титаник е замислен и направен како брод кој може да одолее на сите бури, а сепак го уништи некоја санта мраз на првата пловидба. Маја и јас со децении пловиме и уживаме во тоа брачно пристаниште, иако морето не секогаш ни било наклонето. Имаше и бура и неверство, но за среќа, нашиот брод благодарение на добрата навигација, и разбирање, од кои е создаден, ги издржа сите предизвици оваа година“, изјави пејачот.