Фрида од АББА ме искористи, па ме откачи: Здравко Чолиќ за романтичниот викенд со познатата пејачка

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој 20 години е во брак со Александра, призна дека во 70-тите години имал кратка љубовна врска со Фрида Линдстад од групата АББА. Здравко откри дека се запознале на Евровизија и поминале еден викенд заедно, а потоа таа го оставила. Чолиќ вели дека по викендот со Фрида, се чувствувал искористен.

„Фрида ја запознав на Евровизија. После тоа ми се јави и ме покани да отидам кај неа во Шведска. Ја прифатив поканата и имав големи очекувања, ама по викендот, таа ме откачи и се чувствував искористено. Како инстант-супа, ја правиш за 5 минути, ја јадеш жешка и тоа е тоа. А сè имаше на средбата: и камин, и свеќи, и цвеќе, и риба, и бадеми, и етерични масла… Но, ја немаше онаа вистинска страст што се случува меѓу маж и жена. Не беше спонтано, некако вештачки бевме и двајцата“, рекол Чолиќ за викендот со Фрида.

Популарниот музичар и денес важи за еден од најголемите заводници на естрадата, но тој речиси никогаш не зборува за приватниот живот и за бракот со Александра, ни за нивните две ќерки.

 

 

Scroll to Top