Фудбалерот Матеја Кежман чека петто дете

Српскиот фудбалер Матеја Кежман петти пат ќе стане татко. Неговата сопруга Тара е бремена со нивното прво дете и треба да се породи во септември. Кежман веќе има три деца со првата сопруга Емилија – синовите Лазар и Јаков и ќерката Александра, а со поранешната девојка Марија Перковиќ го има синот Филимон.

„Матеја е пресреќен, а ние се шегуваме дека ако продолжи со ова темпо, наскоро ќе има деца за еден фудбалски тим. Отсекогаш велеше дека сака да има големо семејство и тоа му се оствари. Тара едвај чека да стане мајка, особено што ова ѝ е прво дете“, рекол за српските медиуми извор близок до фудбалерот.

Според истиот извор, 40-годишниот Кежман веста прво им ја кажал на своите деца, а тие биле пресреќни кога дознале дека ќе добијат уште еден брат или сестра.

Поранешниот фудбалер кариерата ја почна во младинскиот клуб ФК Земун 1986 година, а потоа настапуваше за Партизан, Фенербахче, Атлетико Мадрид, Челзи, Ајндховен, ПСЖ… Кариерата ја заврши 2012 година.

Scroll to Top