(Галерија) Баталете претседателски кампањи, Саша Ковачевиќ крева температура на илјадници жени

Српската ѕвезда Саша Ковачевиќ ги фрли во романтика дамите во Скопје уште кога се појави на сцената. Публиката го пречека со ѕвездено небо од мобилните својот миленик кој уште кога излезе на сцената најави луда журка.

Цела ВИП Арена е на нозе. Врие од емоции, се пее до бесвест. Дамите врескаат и мрдаат со колковите на забавните песни. Саша не пее сам. Еуфорија, илјадници жени уживаат со него, вљубените разменуваат бакнежи, друштвата наздравуваат со пиво.

Телефоните не престануваат да светкаат, а српскиот пејач пее од срце и се заблагодарува на македонски. Овде се исплетени многу емоции и многу музика.

Загравање беа „Балкан бенд“, организатори се „Балкан медија“.

Текст и фото: Редакција Репортер

Scroll to Top