(Галерија) Гол Вељко лепи пари на трубачи, се слави за внукот Жељко

Со трубачи и песна, во куќата на Цеца се слави раѓањето на внукот Жељко. Анастасија, ќерката на фолк-пејачката, на социјалните мрежи постојано објавува видеа од забавата во нивниот дом. И додека Цеца пее, Вељко се расоблече и им лепи пари на музичарите. Гостите не престануваат да се веселат.

„Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот, но и за моето семејство“, рече Цеца за медиумите.

За потсетување, утрово во болница во Белград се породи снаата на Цеца, Богдана, а пејачката стана баба. На породувањето присуствувал и Вељко. Синот, кој ќе се вика Жељко, по починатиот сопруг на Цеца, се родил тежок 3.360 грама и долг 53 сантиметри, пренесоа медиумите. Ова е прво дете на Вељко и Богдана.

(Видео) Цеца стана баба, Богдана се породи

 

Scroll to Top