Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба, кој се натпреварува во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, доби задача во првата емисија да ја имитира својата снаа, Северина. Во црвени жешки панталони и сребрена блуза, тој ги испеа „Тридесете“ и „Гас, гас“.
„Гас до даске, Кебице“, ги смени тој зборовите на песната и играше на сцената.
За да ја имитира Северина, Кеба ги избричи мустаќите, а на жирито му откри дека досега претходно само уште еднаш ги избричил мустаќите.
„Без мустаќи како да имам пневмонија“, се пошегувал Кеба на своја сметка.
Инаку, првата епизода од новата сеозна на ТЛЗП ќе се емитува на 6 октомври (недела) на телевизија Сител.