(Галерија) Манекените од спотовите на Цеца: Некогаш фраери, денес нема да ги препознаете

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, уште на почетокот на кариерата ги ангажираше најпопуларните српски манекени во нејзините видео-спотови. Публиката, особено жените, колку што во тоа време ги сакаа песните на Цеца, толку лудуваа и по згодните манекени. Повеќе од дваесет години подоцна, дел од нив изгледаат одлично, но некои се остарени – со побелена коса, проќелавени и  здебелени.

„Ако ги сретнете на улица, нема да ги препознаете некогашните фраери“, пишуваат српските медиуми.

Горан Андрејиќ – „Кукавица“

Моделот Горан Андрејиќ се појави во спотот за песната „Кукавица“ во 1993 година. Горан денес е женет, има две деца и се занимава со работа врзана за медиумите. По снимањето на спотот тој и Цеца првпат се сретнаа лани, а пејачката објави заедничка слика. Коментарите на социјалните мрежи се дека денеска изгледа подобро отколку пред 26 години.

Бане Ерчиќ – „Знам“

Ерчиќ, кој денес има 45 години, глумеше во спотот за песната „Знам“ од 1994 година. Почнал да се бави со манекенство благодарение на режисерот Дејан Миличевиќ. Бане и денес повремено работи како манекен, а по професија е физиотерапевт. Последниот спот во кој глумел е „Не се плашам“ на Емина Јаховиќ.

Никола Павловиќ – „Није монотонија“

Пејачот Никола Павловиќ ќе остане запаметен по улогата во спотот „Није монотонија“ од 1995 година. Денес има кратка, побелена коса, а и  понатаму пее. Тој пред неколку години учествуваше во реалното шоу „Парови“. Неодамна првпат стана татко.

Ѓорѓе Дувњак – „Иди док си млад“

Публиката се сеќава на Дувњак по улогата на секси дрвосечач во спотот за песната „Иди док си млад“. Скоро десет години подоцна тој се појави во спотот за песната „Старија“ на фолк-пејачката Стоја. Многумина тогаш рекоа дека не го препознале – остарен и ќелав. Тој во меѓувреме се пресели во Австралија, се ожени и има две деца.

Никола Мартиновиќ – „Неваљала“

Синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, Никола Мартиновиќ, глумеше во спотот за песната „Неваљала“ од 1998 година. Тој денес е здебелен, со кратка коса и, како што пишуваат медиумите, нема да го препознаете ако го сретнете на улица.

Бојан Милошевиќ – „Неодољив, неумољив“

Еден од неколкуте модели што ес појавија во спотот на Цеца од 1996 година е и Бојан Милошевиќ. По 23 години тој е проќелавен, но важи за еден од Србите со најмногу стил на социјалните мрежи. Тој често патува, а сликите од своите авантури ги споделува на „Инстаграм“.

Scroll to Top