(Галерија) На Карлеуша ќе ѝ пукнат силиконите

Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша минатата недела беше на луксузен семеен одмор во Анталија со ќерките, сопругот Душко Тошиќ и мајката на Душко. Таа со своите 1.7 милиони следбеници постојано споделуваше сè што прави во текот на денот, од моментите на плажа, до забавата на базен, појадоците и прошетките со децата и Душко. Ама, најголемиот број фотографии и видеа беа од неа, каде што таа позираше во мали бикини.

Пејачката доби бројни комплименти за изгледот, ама и неколку критики за изборот на костими за капење. Една жена ѝ напиша дека треба да се срами што открива сè оти има деца и 40 години, а друга дека ќе ѝ пукнат сликоните и дека треба да си ги покрие градите наместо да ги открива. На двете жени Јелена им одговори да си гледаат за себе, а дека таа нема од што да се срами.

 

 

Scroll to Top