(Галерија) Раскош и елеганција во домот на Лидија Вукиќевиќ

Српската глумица Лидија Вукиќевиќ деновиве на „Инстаграм“ објавува слики од нејзиниот дом во Белград. Елегантен и раскошен, во земјени тонови и со многу детали, домот на Лидија го привлече вниманието на нејзините фанови. Во куќата на Лидија има многу уметнички слики, книги, украси донесени од нејзините бројни патувања. Во дневната соба доминираат камин и бело пијано. Лидија живее во една од најелитните белградски населби, Бежаниска коса.

Популарната глумица, која се прослави со улогата на Виолета Попадиќ во серијата „Подобар живот“, неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа дека отсекогаш сама се грижи за домот.

„Знам да готвам, иако не сакам, па кај мене секој ден нема зготвен ручек. Но, се знае, дома мора да е чисто, а јас секогаш чистам сама. Немам жена што ми ја чисти куќата. Луѓето не ми веруваат, но мене тоа ме опушта“, рече Лидија во интервјуто.

„Колегите ми ставаа сопки, а режисерите бараа да се соблечам“, ексклузивно со Лидија Вукиќевиќ

Scroll to Top