Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ поседува луксузна вила на Кипар која се простира на 600 метри квадратни. Неодамна пејачката изразила желба да ја реновирала и поскала тоа да биде во „мајами стил“, модерен, урбан и удобен.
Во плановите за реновирање и помогнале нејзината сестра Лидија и кумата Вики Миљковиќ. Тие заедно на фолк дивата и го претставиле проектот каде целиот преден дел на вилата е со стакло и поглед кон базенот. Во дворот освен базен пејачката има свое место за одмор покрај големо џакузи.
„Мојата куќа од соништата изгледа исто како овој проект. Многу стаклени површини, светлина, внатрешност помеѓу модерно и удобно, поглед на море. Кога некој ќе ми каже Кипар, мојата прва асоцијација е мир и чист воздух, тоа што ми го покажаа е лудост. Многу ми се допаѓа куќата“, изјавила пејачката за српски Блиц.
Цеца во својата куќа ќе има голема теретана со најсовремена опрема, како и игротека за нејзините внуци. Што се однесува до трошоците за реновирање, Цеца вели дека за неа квалитетот е на прво место.
„Не сум тип за пазарење. Отсекогаш сум била за тоа дека ако правам нешто, да го правам добро отколку да штедам на нешто, па за две години да морам да ја повторам работата“, рекла Цеца.