Гани Коловица е Албанецот што го претепал Аркан

Албанскиот портал Infoshqip објавил приказна за Ганиј Красниќи, албански криминалец од 70-тите и 80-тите години, чие име предизвикувало страв кај Албанците, но и кај Србите во Приштина.

Красниќи во подземјето бил познат и како Гани Коловица. Како и многу криминалци во периодот на Југославија, тој бил познат по тепачките во кои била дозволена само употреба на боксови и во кои се докажувале кој е посилен.

Во тој период владеел непишан кодекс. Поразениот во тепачката мора да го признае авторитетот на победникот, а ни државата ни полицијата не смее да дознае за што станувало збор на асфалтот.

Тоа што меѓу Србите бил Љуба Земунац, тоа меѓу Албанците бил Гани Коловица. Во триесет години тепачки на улиците меѓу Србите и Албанците, Гани никогаш не бил поразен.

Коловица бил еден вид херој меѓу Албанците поради тоа што со примена на сила тој обезбедил главниот плоштад во градот да им припадне на Албанците и на тој начин воспоставувал нов меѓунационален поредок во Приштина.

Најсилниот подвиг го направил на крајот на 70-тите години кога во Приштина пристигнал Жељко Ражнатовиќ – Аркан, познат српски криминалец, и го предизвикал на борба во еден од парковите во Приштина.

Ако е за верување на ова пишување на албанскиот портал, Коловица прописно го натепал Аркан, а српскиот криминалец го почитувал непишаното правило и од тој момент главниот збор во албанското подземје на улиците на Приштина го презел Коловица.

 

Scroll to Top