Германци му украдоа од џеб 15 илјади евра на починатиот Шабан Шаулиќ

Единствениот преживеан од автомобилот во кој на 17 февруари трагично загинаа пејачот Шабан Шаулиќ и неговиот возач Мирсад Кериќ, неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ открива дека во моментот на несреќата, пејачот имал пари заработени од трите настапи во Германија.

Според него, Шаулиќ во џебот на јакната имал 15,5 илјади кои исчезнале кога облеката на веќе починатиот пејач во болницата била прегледана.

Според изјавата на кумот Боби Стојановиќ тие дента се враќале од турнејата во Германија во која Шабан заработил 20.000 евра. Според кажувањата, дел од парите пејачот ги  потрошил на купување, а останатите 15.000 евра ги имала кај себе додека патувале за време на сударот. Но, кога во болницата ја подигнале облеката на Шабан парите ги немало, а единствени кои имале контакт со него во време на превозот од несреќата на автопатот, приемот и третманот во болницата биле германските службеници од брзата помош и лекарите.

Scroll to Top