Ѓоковиќ ја објави првата фотографија со ќеркичката Тара

Новак и Јелена Ѓоковиќ станаа родители по втор пат на почетокот на септември, а сега српскиот тенисер се пофали со фотографија на која е и неговата ќеркичка.

Јелена се породи на 2 септември, а малиот Стефан ја доби сестричката со која сега ќе може да си игра, и да му прави друтшво. Ноле по раѓањето на девојчето Тара не се огласи, но во саботата на социјалните мрежи постираше фотографија со неа.

Тара, Стефан, Новак и Јелена ги здружија силите и ги ставија своите раце една на друга.

„Многу сум среќен и горд што можам да и посакам добредојде на Тара во нашиот дом. Јелена и јас заедно минавме низ ова патување, и јас, како маж, морам да изразам љубов и воодушевување кон секоја жена која минува низ болката за да полесно го мине патот во живот и во одгледувањето на човечко суштество. Благословен сум што сум родител. Фала ви на сите што го славевте раѓањето на мојата ќерка, и што на моето семејство му посакавте се најубаво во претходните неколку дена. Се вративме од болница, Јелена и Тара се моите анѓели, а Стефан е горд постар брат кој сака да учествува во своите обврски околу бебето. Животот е прекрасен“, напиша Новак на Инстаграм.

Scroll to Top