Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека сонува повторно да го освои големиот турнир „Роланд Гарос“ и вели дека го знае рецептот како да го повтори успехот од пред три години. Србинот посочи на три клучни фактори.
„Можеби звучи како клише, но целосното присуство на сегашноста и помалку лутање во иднината и минатото, вербата во себе и рационално трошење на енергијата, се клучот за освојување на „Роланд Гарос““, изјавил Ѓоковиќ.
Тенисерот успеа да го подигне шампионскиот пехар во Париз во 2016 година, кога ги испиша страниците на тениската историја. Во исто време стана сопственик на четири Грен слем трофеи.
„Верувам во себе, знам дека сум способен за големи работи, знам дека поседувам игра за големи работи и зошто не би го повторил успехот од пред три години. Вербата во себе е нешто што ми донесе успех во кариерата. Од друга страна го имам искуството за вакви големи турнири. Свесен сум дека рационално треба да ја трошам енергијата и во деновите кога не играм. Да знам што ќе правам и да ја имам вистинската мерка во сè. Како минува турнирот, така притисокот е сè поголем. Очекувањата се поголеми, имам подобри противници, потешки мечеви. Сето ова го доживував и претходно. Иако годините не ги гледам како пресуден фактор, сега биолошки различна е ситуација во односот на времето од пред пет години. Сега морам повеќе да ја конзервирам енергијата и да бидам свесен кој ми е приоритетот“, изјавил Ѓоковиќ.