Камерите на српскиот Папарацо го уловиле Бреговиќ зад воланот на жолт Трабант, веднаш откако влегол во зградата со луксузни станови во комплексот „Белград на вода“.
„Горан Бреговиќ вози Трабант, а ги гледа најскапите станови во Белград“, објавиле во емисијата.
Бреговиќ за новогодишната ноќ настапува на платото пред зградите на комплексот „Белград на вода“, па можно е токму тоа да биде причина за неговата посета.
Сепак повеќе внимание од локацијата што ја посети го привлече жолтиот Трабант што Бреговиќ го вози низ луксузната белградска населба во која живее.
„Па, тој е легенда што и да вози, не е надуен и болен како што повеќето го следите и мачите“, „Каков император“, „Легенда“, се восхитуваа фановите во коментарите на изборот на автомобил на Бреговиќ.
Инаку, Трабант се произведуваше од 1957 до 1991 година. До обединувањето на Германија и престанокот на производството во 1991 година, произведени се околу три милиони Трабанати.
Двотактниот мотор на Трабант со многу чад од издувните гасови сè уште е симбол на социјализмот и планираната економија. Фабриката во Цвикау не се замарала многу со технолошкиот развој, па Трабант доби само четиритактни мотори кон крајот на 1980-тите.
Во 2017 година, во Германија имало 34.500 регистрирани Трабанати.