Ѓорѓе Балашевиќ не го признава 8 Март

Српскиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ вели дека не сака да го слави Меѓународниот ден на жената, 8 Март, и покрај тоа што покрај себе има сопруга и ќерка. Пејачот вели дека не сака да го слави празникот на жената поради тоа што за него секој ден треба да се слави и да се однесуваме како за Денот на жената.

„Јас 8 Март секоја година го игнорирам и не го признавам како празник. Се обидувам кон девојките секогаш да бидам таков, за секој ден да им биде 8 Март во нашиот дом. Мислам дека тоа е навредлив празник. Кон жените треба да бидеме жртва, треба да се препуштиме на нивната надмоќност во семејството. Доколку жените одлучуваат за некои работи, светот би бил поубав. Можеби би имало малку кубење за косите, оговарања и други работи, но дефинитивно не би имало толку крв и зло колку што ние мажите посеавме“, напишал Балашевиќ на социјалните мрежи.

Scroll to Top