Ѓорѓе Давид: Ако сум рокер, во кафеана нарачувам песни од Цеца

Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид, во интервју за музичката телевизија „Токсик“ зборувал за работата во шоуто, за короната што ја прележа пред некој месец, но и за музиката. Тој вели дека рокот за него е најдобрата музика, ама кога оди во кафеана, сака да ја слуша Цеца.

„Јас од сите народни и турбофолк-песни знам само една песна од Цеца и мислам дека во таа песна Цеца била најискрена. Тоа е песната ‘Пустите ме да га видим’. Тоа е песна што често ја нарачувам во кафеана со пријателите. Многу малку ја познавам Цеца, се поздравуваме кога ќе се видиме. Меѓутоа, не следам што работи ни таа, а ни другите пејачи од нејзината бранша“, рекол Давид за емисијата „Детоксик“.

Пејачот и следната сезона ќе биде дел од жирито на „Гранд“, каде што кандидтите најмногу пеат народни и поп-песни, а настапуваат многу малку рокери.

Scroll to Top