Рокерот Ѓорѓе Давид, кој веќе неколку сезони е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, вели дека неговата работа не е воопшто лесна, особено што неколку пати добил закани по живот. Тој во интервју за српските медиуми рекол дека заканите не ги сфаќа сериозно, оти е во прашање само шоу, но дека не му е воопшто пријатно кога некој ќе му испрати порака дека сака да го види мртов.
„Нема проблем да им бидам интересен на луѓето. Некои ме плукаат, некои ме фалат, но во секој случај ги интригираш луѓето и тоа е добро за работата. Мислам дека добив многу добри работи од ‘Ѕвездите на Гранд’. Од друга страна, глупаво е да очекувате сите да ве сакаат. Јас лудо се забавувам, но тука има сè и сешто. Добивам закани дека ќе ме убијат, дека сум го издал рокенролот, дека сум сељак, има сешто, но тоа ми е симпатично“, рекол Давид.
Тој додал и дека иако добива закани по живот, засега не пријавил во полиција, оти не мисли дека тие се сериозни и дека некој навистина ќе се обиде да го убие.