Имам 43 години, доев дете и градите сосема добро ми стојат, дури се и многу поубави од градите на повеќето жени кои имаат силикони, вели Тржан.
Гоца Тржан му ветила на својот сопруг Радомир Раша Новаковиќ дека нема да оди под нож и да вградува силикони зaшто тој сака природни и бујни гради, токму како нејзините.
Пејачката изјави дека е задоволна од своите гради и смета дека не треба ништо да менува кај нив.
-Мојот маж сака природни жени. Нему му се убави жени со природни гради. Моите ги обожава, го возбудуваат! Јас немам проблем со моите гради. Имам 43 години, доев дете и градите сосема добро ми стојат, дури се и поубави од градите на повеќето жени кои имаат силикони. Жените не знаат дека тоа не е трајно решение и силиконот мора да се менува по одреден број години. Вака ми е супер, вели Тржан.
Додава дека силикони ќе стави дури откако ќе роди дете, ако за тоа има потреба.
-Ако по втората бременост има потреба, тогаш ќе ги коригирам. Тоа е сè, рече пејачката.
Таа истакнува дека живее во слободен и опуштен брак со Раша и дека нема потреба да се следат еден со друг.