Градниците од обожавателките му ги подарувам на мојот тапанар, открива Здравко Чолиќ

Обожавателка му фрли градник на сцената на концерт на српскиот пејач Здравко Чолиќ. Ова не е првпат пејачот на подарок да добие градник од обожавателките.

Чолиќ во својата четириесетгодишна кариера добил многу вакви подароци. Тој за српски Блиц открил што прави подоцна со градниците кои летаат на сцената.

„Обично тој градник го давам на мојот тапанар, тоа се случува често. Тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција и убаво е кога ќе го добиеш среде настап. Не дај Боже да го прекинам концертот поради тоа”, изјавил музичарот.

Scroll to Top