Груб сум само во сексот: Дарко Лазиќ тврди дека не ја натепал новата девојка

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ ја натепал својата девојка Барбара Бобак откако се вратил од Виена пред две недели, пишуваат српските медиуми.

Наводно, Дарко и Барбара се скарале бидејќи таа била љубоморна што пејачот отишол на настап во Виена со колешката Моника Ивкиќ. Кога се вратил од Австрија, почнале да се караат, а Барбара го удрила, па Дарко се налутил и ја натепал. Пејачот вели дека тоа не е точно и дека тој е груб само во кревет.

„Барбара никогаш не сум ја удрил, ниту некогаш ќе го сторам тоа. Ја сакам како Господ. Не бев насилен кон ниедна девојка во својот живот, тоа не би си го дозволил. Груб сум само во сексот“, рекол Лазиќ и додал дека не е точно тоа што се пишува во медиумите.

Не е првпат српските медиуми да пишуваат дека Дарко и Барбара се степале. Пред неколку недели пејачот беше во центарот на вниманието откако се појави веста дека се степале на приватна забава во Белград. Брзо потоа се појави нова информација дека тие повторно се истепале, а на Барбара ѝ бил скршен малиот прст на ногата.

 

Scroll to Top