Хрватската естрада на 50. роденден кај Нина Бадриќ

Хрватската пејачката Нина Бадриќ го прослави својот 50-ти роденден во ресторан во Загреб. Таа се одлучила јубилејниот роденден да го прослави со голем стил со преку 140 гости.

dobivaj vesti na viber

„Ова е половина од мојот живот, бидејќи имам намера да доживеам сто. Донесете радост, насмевка и удобни чевли, а за сè останато јас ќе се погрижам“, напишала Нина во поканата.

На прославата присуствувале бројни познати лица од естрадата и општествениот живот во Хрватска.

Нина за оваа пригода била облечена во бел краток фустан украсен со голем цвет, дизајниран од Михано Момоса.

Во ресторанот масите биле украсени со големи букети лаванда, маслинки и лимони.

„Среќен сум што овде се собраа сите луѓе што ги сакам. Им благодарам на сите и знам дека ова ќе го паметам до крајот на животот. Немаме друг избор освен да го чекаме мојот стоти роденден како што Господ ќе заповеда“,изјавила Нина пред забавата.

Scroll to Top