Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена, ќе се жени.Откако ќе помине пандемијата, најавенна е венчавка со Сандра Милјаковиќ, како онаа на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. Тие велат деа свадбата ќ биде во мај, следната година.
„Планираме гала-прослава со 500 гости. Ние сме многу големо семејство, па мора да најдеме голем простор на отворено. Ние нема да правиме свадба сè додека не се смири состојбата со коронавирусот. Но, на Сандра и на мене не ни пречи да чекаме, се однесуваме како да сме веќе во брак“ – изјави Виктор за медиумите. Тој објасни и како снаата била прифатена од семејството Живојиновиќ.
„Сандра ми е голема поддршка во сè. Семејството е воодушевено од мојот избор и има само пофални зборови за тоа. Убаво е кога ќе најдете личност која ви одговара во сè“ – рече тој.
Инаку, Брена и Боба и овојпат сакат гламурозна венчавка. Деталите се скоро договорени, бидејќи сè беше планирано за мај годинава, но работата се одложи заради падмијата.