Снежена Јовановиќ со години е во брак со Саша Поповиќ, а сега кажа и колку се двајцата скромни и како живеат позади камерите.
„Имав убаво детство на село. Пред куќата на моите родители имаше една клупа каде што сите сакавме да седиме и да јадеме парче леб и маст со пиперка. Тоа е најслаткото јадење, српска нутела. Најстрашното ми беше кога парчето леб со маст ќе ми паднеше на земја и тоа баш од намачканата страна. Веднаш трчав кај мајка ми да ми намачка уште едно“ – раскажува Сузана, која денес живее луксузно и е мажена за еден од најбогатите музичари во Србија.
„Сале, децата и јас сакаме домашна кујна. Јадеме сарма, зелка, грашок, боранија. Тоа ни се омилени јадења иако можеме да си дозволиме сè. Не сакаме ниту суши, ниту некоја друга експериментална кујна. Луѓето сигурно мислат дека јадеме со златни лажици, но ние сме само едно обично семејство кое живее нормален живот“.
Сузана и Саша имаат цел возен парк. Таа вели: „Возам и ‘пикап’ и ‘смарт’, не морам во некое најскапо ‘бе-ем-ве’. Сале и јас сме нормални луѓе, немаме комплекси и се возиме со што стигнеме. Нема да имаме проблем ниту во ‘фичо’ да седнеме“, открива Јовановиќ.