И потоа јас сум бил нецивилизиран: За Аца Лукас, Бјелогрлиќ е дивјак што тепа

Фолк-пејачот Аца Лукас е еден од неколкуте јавни личности во Србија што ја коментираа тепачката на режисерите Драган Бјелогрлиќ и Предраг Антонијевиќ. Тој вели дека начинот на кој Бјелогрлиќ му пришол на Антонијевиќ е брутален и дека полицијата не смеела да го пушти од притвор по само неколку часа.

„Инцидентот може да се искоментира на многу начини. И двајцата се одлични уметници, направија многу работи за оваа земја. Но, ние зборуваме за човек кој му приоѓа на човек и го удира со сета сила. Ова видео е брутално, удирањето постар човек не е толку наивно, можеше да заврши трагично. Не гледам зошто мина толку малку часа во притвор“, рече Лукас.

Тој вели и дека е смешно што во јавноста се коментира дека Антонијевиќ заслужил да го натепаат.

„Тие што го зборуваат ова немаат мозок. И потоа јас сум бил нецивилизиран. Да, океј, имав проблеми во неколку наврати, но овој дивјачки чин е за секаква осуда. Никој нема право да тепа некого, нема таков закон. Не е важно што тоа е Драган Бјелогрлиќ, законот е ист за сите. Го почитувам него и неговата кариера, но ова нема смисла“, додаде Лукас во интервјуто.

За потсетување, Бјелогрлиќ беше приведен во полиција, откако во хотел во Ниш го натепа режисерот Предраг Антонијевиќ. Видеото од инцидентот беше објавено и во медиумите, по што реакциите на јавноста беа поделени. Едни коментираа дека Драган без причина го нападнал Предраг, а други дека Антонијевиќ заслужил да го тепаат и дека му е малку тоа што се случило.

Scroll to Top