И умрен Микис Теодоракис направи скандал во Грција, семејството се скара кај да го погребаат познатиот композитор

Голем скандал избувна во Грција кога семејството на Микис Теодоракис, се скара за местото на кое треба да биде погребан славниот музички композитор.

Од Комунистичката партија на Грција, во која тој беше член, соопштија дека ќе биде почитувана неговата желба и дека тој ќе биде погребан в четврток на островот Крит.

Неговата ќерка инсистирала Теодоракис да биде погребан во селото Врахати, во близина на Коринт, каде што тој имал куќа, а неговиот син сака да се почитува желбата на татко му и да биде погребан кај неговите родители и братот.

За потсетување, Теодоракис почина минатата недела во четвртокот, на 97-годишна возраст. Во јавноста беше објавено и неговото писмо што го оставил и во кое изразил желба да биде погребан на гробиштата во Галатас, западно од Ханија, од каде што потекнува татко му.

„Моето семејство не ја одобрува мојата желба, но законот го препознава правото на секој да одлучи каде ќе биде погребан“, напишал Теодоракис во писмото. Голем број негови приврзаници се простија од композиторот чие тело е изложено во Метрополитанската катедрала во Атина.

Комеморацијата ќе се одржи утре по што телото со авион ќе биде префрлено на Крит. Теодоракис имаше бурен однос со Комунистичката партија, која ја напушти на крајот на шеесеттите години за по десет години подоцна, повторно се врати во неа.

За пратеник во грчкиот парламент тој беше избран во 1990 година како кандидат на конзервативната партија Нова демократија. Но, во октомври 2020 година испрати писмо до генералниот секретар на ККЕ, Димитрис Куцумбас, во кое му ја доверил организацијата за погребот. Тој напишал и дека најубавите години ги поминал во таа партија и дека сака да го напушти светот како комунист.

Теодоракис зад себе остави исклучително богато уметничко наследство, а меѓу другото, е и музиката што ја работел за многубројни светски филмови.

Почина Микис Теодоракис, славниот грчки композитор кој јавно ги изразуваше своите антимакедонски ставови

Scroll to Top