Српските фолк пејачки Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша веќе долги години не се во добри односи. Тие две завршија и на суд, но сега Јелена изненади со својот коментар, откако ја пофали Цеца. Карлеша го пофали гласот и песните на Цеца во последното издание на “Звезде Гранда”, коментирајќи ја изведбата на Кристина Видановиќ, која пееше песна на Цеца.
“Многу ги сакам песните на Цеца и како пее Цеца, тоа се го напишала жената што ја направи мојата кариера, Марина Тукаковиќ”, рече Јелена, додавајќи: “Почит кон сите тие песни што би сакала да ги пеам на моите настапи, но од некои други причина не го правам тоа, но песните како песни се врв”.