Бракот меѓу Северина и Игор Којиќ е разнишан, пишуваат хрватските медиуми. По објавата на фотографиите на кои пејачката е разголена, Којиќ се јави од Париз со порака дека Господ ќе ги средел работите.
Но, сега новинарите пишуваат дека соседите го забележале сопругот на Северина како нервозно влегува во станот во Загреб каде што живее пејачката со синот Александар. Тие го забележале Игор, пишуваат медиумите, во домот на Северина неколку часа откако фотографиите излегоа во јавност. Велат правел сцени, викал наоколу. Соседите раскажеле дека Игор од станот излегол бесен како рис. За да не дојде до поголем инцидент, тврдат соседите, наводно се погрижил менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, кој цело време бил во станот додека траела расправијата. Тој и прв се огласи, откако завчера излегоа сликите во јавност.
Медиумите откриваат дека новите фотографии, кои веднаш по објавата беа избришани, Северина ги направила во 2015 година.