Им реков на децата да не кажуваат дека сум им мајка

Најпопуларната југословенска лото-девојка, Сузана Манчиќ, неодамна раскажа дека по објавувањето на порно-снимката, се соочила со најтешкиот период во животот. Таа им велела на своите деца да кријат дека им е мајка, за да не се срамат и да не трпат навреди од околината.

„Никој не ми помогна, освен можеби неколку пријатели. Во еден момент на децата им реков да не кажуваат на училиште дека сум им мајка. Мојата Наталија ми рече: ‘Јас сум горда што ти си моја мајка’. Тоа се некои работи кои ќе ве подигнат. Никогаш во животот не знаеш што те чека, што ќе биде утре, но мораш барем пред себе да бидеш чист и мирно да спиеш. Секогаш велам, утре е нов ден“, рекла Сузана.

Во тој период таа имала проблеми и со здравјето.

„Добив холестерол, но добро поминав. Можеше да биде многу полошо“, додала таа.

Scroll to Top