Има да мирисам на „диор“, а не на варени јајца, водителката Јована си кажа што мисли, па ги изнервира домаќинките

Водителката Јована Јеремиќ повторно направи хаос како гостин во емисија кога откри дека воопшто не се занимава со домашни обврски.

Јеремиќ, која е мажена и има ќерка, откри дека сака да мириса на парфем, а не на мирисите од кујната.

„Не чистам, не мијам, не пеглам, тоа му го кажав и на мојот сопруг. Никогаш во животот не сум го правела тоа дома. Не сакам да го правам тоа. Јас сакам да мирисам на ‘диор’, а не на варени јајца“, рече таа. По ова, реагираа дамите, кои велат дека е срамота да ги потценува жените домаќинки.

Јована додаде: „Тој не мора да плаќа за чистачката, јас ќе платам“. Јована откри и каква грешка прават мајките кога ги воспитуваат своите синови.

„Мајката е виновна што ги воспитува своите синови да бидат синови, а не сопрузи. Мажите мора да бидат сопрузи. Да бидат материјално одговорни“, рече таа.

Scroll to Top