„Имам и јас право на љубов“, Снежана Савиќ првпат прозборе за партнерот

Српската пејачка и глумица, Снежана Савиќ (66), откако се разведе, ретко зборува за приватниот живот. Но, во едно скорешно интервју, таа првпат раскажа за нејзината љубовна врска, која трае скоро една деценија. Откри дека ѝ е убаво, но и дека не сака да зборува многу за мажот со кој од поодамна живее заедно.

„Скоро десет години сме во врска. Но на овие години морам да бидам внимателна кога новинарите ме прашуваат за мојот интимен живот. Имам и јас право на љубов. Мислам дека и мене ми е дозволено, и покрај возраста, да имам некое нежно пријателство, човек со кој ќе се шетам по дождот, или ќе пијам чај. Ова мое нежно пријателство трае, и убаво ми е“, рекла таа.

Снежана, која српските медиуми ја нарекуваат една од најубавите жени во поранешна Југославија, во интервјуто не сакала да го открие името на својот партнер, ниту да каже што работи тој, но вели дека не се занимава со јавна професија. За потсетување, таа беше во брак со режисерот Драгослав Лазиќ, со кого ја има ќерката Анита.

 

Scroll to Top